Во Градскиот парк во Скопје денеска, со почеток во 10.00 часот, се одржа традиционалната извидничка акција „Пролетни бакнежи, прегратки 2019“ на тема „Еко херои“. На акцијата, тимови од извидници од 7 до 13 години, преку игра, забава и натпревар испратија порака за потребата од селектирање и рециклирање на отпадот, со цел да се подигне еколошката свест.
Извидничката акција „Пролетни бакнежи, прегратки 2019“ на тема „Еко херои“, беше официјално отворена откако водачите на екипите „поднесоа рапорт“ пред својот старешина дека нивните екипи се подготвени за отварање на оваа акција.
Оваа извидничка акција беше организирана од Првиот скопски извиднички одред и Институтот за комуникациски студии, во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“. Оваа кампања ја реализира Институтот за комуникациски студии, а е финансирана од страна на Британската амбасада во Скопје.
(Со овој текст, Нова Македонија се приклучува кон кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!, која ја спроведува Институтот за комуникациски студии и е финансирана од Британската амбасада во Скопје). Текстот е првично објавен ТУКА.