
Во реките кај селото Слоештица во Демир Хисар живеат пелагониската пастрмка и речниот рак, кои се на листата на загрозени видови на Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN).
Оваа област е прогласена за значајно растително и подрачје на птици и е средиштето на потенцијалното подрачје Натура 2000 во Македонија. Валавиците и водениците претставуваат светско културно наследство, а Слоештица е и родното место на големиот Петре М. Андреевски.
И покрај природното и културното значење на овој регион, тој е запоставен. Еден од проблемите се и многуте диви депонии лоцирани до и во реките, кои се влеваат во Црна Река.
За таа денеска се организираше првата акција за чистење на реките во Демир Хисар.
Еколошката акција ја организира Меѓународниот центар за уметност и одржлив развој „Арт Поинт – Гумно“ од Слоештица, во соработка со Институтот за комуникациски студии како дел од кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.
Акцијата ќе ја поддржат со волонтери и механизација и општината и јавното комунално претпријатие од Демир Хисар, а кон акцијата се приклучија и волонтери од Битола.
Кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ ја реализира Институтот за комуникациски студии, а е финансирана од Британската амбасада во Скопје.
Текстот е преземен од ТЕРА ТВ.