javna-prezentacija-na-proekti-za-urbanisticka-vizija-za-debar-maalo-nastani.jpg

Дебар Маало, како една од најатрактивните локации за живеење во Скопје, е под постојан притисок на интензивна градба. Ваквата состојба резултира со намалување на јавните простори и намалување на комплетниот квалитет на живот. Оттаму е потребно да се промени начинот на гледање на просторот и да се бараат простори кои можат да го надоместат изгубеното или да го искористат потенцијалот на постојните локации. Студенти по архитектура, под менторство на проф. д-р Дивна Пенчиќ, детектираа десетина атрактивни и подобни простори и локации во Дебар Маало и изработија макети и постери за нивно идно користење и изградба.

Ве покануваме на јавната презентација на проектите на студенти од Архитектонскиот факултет – Скопје за урбанистичко преобликување на Дебар Маало, што ќе се одржи во среда (12 јуни) од 10 до 14 часот на тротоарот и паркингот на Општина Центар. На настанот, жителите на населбата и останатите граѓани ќе можат да ги погледнат урбанистичките решенија и визиите на студентите за подобрувањето на условите за живот во Дебар Маало.

Јавната презентација се одржува во рамките на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“, која ја реализира Институтот за комуникациски студии, а е финансирана од Британската амбасада во Скопје.

Лице за контакт:

Дејан Андонов, Институт за комуникациски студии - This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., 071 317 661