Машинскиот факултет во Скопје и Институтот за комуникациски студии Ве покануваат на јавната презентација на решенија за ефикасно управување на отпадот во Македонија, која ќе се одржи на 17 април (среда) од 11:15 до 12:15 часот во Амфитеатарот на Машинскиот факултет.
Во Македонија годишно се создава околу 700.000 тони отпад, односно секој човек по околу 350 килограми годишно. Деведесет проценти од ѓубрето завршува на дивите депонии, за кои се проценува дека ги има околу илјада во целата држава. Во вкупниот отпад, дури 38.000 тони се пластика, а над 40.000 тони се стакло – цврст отпад за кој се потребни векови да се распадне. Дополнително, индустриските капацитети создаваат токсични отпадни води, кои често не се пренасочени кон пречистителна станица и ја загадуваат почвата и подземните води.
Оттука, јавната презентација ќе ја потенцира важноста на ефикасното управување со отпадот за квалитетот на животот на граѓаните и ќе понуди решенија за несоодветните пракси во Македонија во врска со:
- Придобивките од рециклирање пластика и стакло
- Искористувањето на топлината од согорување на отпадот
- Третирањето на отпадот - од отстранување до спречување на неговото создавање
Решенијата ќе ги понудат студенти на насоката Енергетика и екологија на Машинскиот факултет, кои работеа под менторство на вон. проф. д-р Даме Димитровски.
Ве покануваме да учествувате на презентацијата и да се вклучите во дискусијата со ваши размислувања и предлози на темите.
Јавната презентација се организира како дел од кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“, финансирана од Британската амбасада во Скопје.
Контакт лице:
Дејан Андонов, Институт за комуникациски студии - This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., 071 317 661