Институтот за комуникациски студии во рамки на кампањата од јавен интерес за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ ги повикува средношколците во Македонија да се пријават на конкурсот за најдобар медиумски производ „Изрази се преку медиумите“ на тема „Сакам да живеам во чиста околина“. Учениците и училиштата можат да аплицираат со фотоприказна или едноминутно видео.
Медиумските производи треба на оригинален начин да ги пренесат идеите, интересите и барањата на учениците за промена на животната средина во која што живеат. Во своите фотографии и видеа, учениците треба да прикажат примери од околината за коишто мислат дека е неопходна интервенција од институциите и граѓаните (чист воздух, вода и почва, урбана хигиена, заштита на биодиверзитетот).
Целта на овој конкурс е да се поттикне медиумската писменост и еколошката свесност кај младите кои на креативен начин ќе покажат дека умеат да ги користат медиумите за да предизвикаат промена во средината во која живеат.
Изработка
Фотоприказната треба да содржи од 6 до 8 фотографии со легенда (кус текст што ќе го објасни значењето). Текстот под фотографиите може да биде на кој било од јазиците и писмата што се употребуваат во Северна Македонија.
Видеото не треба да биде подолго од една минута. Доколку се користи музика, треба да се почитуваат авторските права. Дијалозите или која било друга форма на комуникација може да бидат на јазиците што се употребуваат во земјата. Во апликацијата треба да има кусо објаснување, не подолг од 10 редови.
Право на учество
На конкурсот може да се пријават ученици од прва до четврта година од сите средни училишта во Македонија и самите училишта. Дозволено е групно учество на соученици, но ако производот биде награден, наградата ќе се додели на авторот или носителот на пријавата. Доколку училиште се јавува како учесник, наградата ќе се додели на училиштето.
Учесниците може да поднесат повеќе производи во различни формати.
Награди
- Прва награда – мобилен телефон Samsung Galaxy A6
- Втора награда – камера GoPro
- Трета награда – камера GoPro
За 15-те автори на најдобрите производи, Институтот за комуникациски студии обезбедува учество на неколкудневниот средношколски еко камп што ќе го организира во јуни.
Пријавување
Кандидатите треба да пополнат Формулар за пријавување и заедно со изработениот продукт да го испратат на е-адресата This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.најдоцна до 05 мај 2019 година.
Контакт
Александра Теменугова, This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., 02 30 90 004.