prezentacija-na-rezultati-za-kvalitetot-na-vozduhot-vodata-i-pocvata-nastani.jpg

Факултетот за природни и технички науки од Штип и Институтот за комуникациски студии од Скопје Ве покануваат на презентацијата на резултатите од мерењата на квалитетот на воздухот, водата и почвата во скопскиот и штипскиот регион, која ќе се одржи во четврток (27 јуни) од 11:00 до 12:00 часот на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип (ВИП сала - стар ректорат).

Во текот на изминатиот месец, универзитетската лабораторија за животна и работна средина АМБИКОН изврши директни мерења на концентрациите на суспендираните честички во градинки, училници и спортски сали во училишта, на изложеноста на велосипедистите на аерозагадувањето од сообраќајот и на квалитетот на водите и на почвите во урбани, земјоделски и индустриски зони. На настанот ќе бидат презентирани резултатите за:

  • Квалитетот на воздухот во микро-средините во кои престојуваме
  • Квалитетот на водата и почвата во урбани и рурални средини

Презентацијата се организира како дел од кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“, која ја реализира Институтот за комуникациски студии, а е финансирана од Британската амбасада во Скопје.

Контакт лице:

Дејан Андонов, Институт за комуникациски студии - This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. , 071 317 661