Институтот за комуникациски студии преведе и илустрираше седум онлајн материјали на македонски и на албански јазик кои служат за едукација во областа на животната средина.
Онлајн библиотеката е наменета за наставниците и за учениците во основното образование, како и за родителите. Таа содржи прирачник за наставници, три стрипови, две илустрирани книги и 30-минутно видео, кои можат да се користат бесплатно и слободно од СЛЕДНИОТ ЛИНК.
Оригиналните материјали на англиски јазик се изработени за поддршка на Целите за одржлив развој на ООН од различни автори, под покровителство на или во партнерство со различни агенции на ООН (UNESCO, UNICEF, UN Enviornment). Сите материјали нудат креативни, интересни и авантуристички идеи за создавање правична и позелена иднина, во контекст на интересите и животот на децата. Целта е учениците да научат за предизвиците од климатските промени и како да се справат со нив.
Онлајн библиотеката е дел од кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“, која е финансирана од Британската амбасада во Скопје.