Градот Скопје смета дека носењето на гасот до домаќинствата мора да го води градот преку постоечката топловодна мрежа зашто така би било поефтино. Од Министерството за економија, пак, велат дека такви капацитети немаат сите општини во Македонија, а помалку домаќинства приклучени на гасоводна мрежа значи поскап гас.
 
Видеото е извадок од панел-дискусијата „Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност за подобра животна средина“, што Институтот за комуникациски студии ја организираше во рамките на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“.