Болницата за гинекологија во скопски Чаир повторно бара мазут за загревање. На интернет страницата на јавни набавки има распишано оглас за фирма која ќе и испорача мазут. Договорот ќе биде со важност една година, а чини околу 50 илјади евра. Ова беше доволен повод за да прашаме дали гинекологија Чаир и покрај острите реакции на јавноста, и следната зима ќе се грее на регенс кој загадува. Од болницата смируваат дека ова се само залихи потребни додека не се промени начинот на затоплување, оти во болницата веќе се работи на гасификацијата.
Но Чаир не е единствената државна институција која се грее на мазут. Болниците се најчесто загревани со него или во комбинација со нафта. Не заостануваат многу ниту касарни, училишта и градинки. Доволно е да се погледне само сајтот на е набавки за да се види дека последен договор за мазут која го склучила со приватна фирма е гостиварската општа болница, подолу е и болницата 8 септември во скопје, но меѓу барателите на мазут се и министерството за одбрана и внатрешни работи. Невладинта организација Шеста ѕвезда која го истражувала влијанието од согорувањето на мазутот вели дека со неговото согорување се испуштаат канцерофгени честочки.
Според законската регулатива во мазутот кој се користи е дозволено да има до 1 процент сулфур. Сепак проблем се помалите постројки со капацитети до 1 мегават кој за кои нема контролираат од државата.
Примерот со гинекологија Чаир е само еден кој ја разбранива јавноста. Таму веќе е во процедура местењето на котлара за гас. Но од застарениот и штетен начин на загревање со мазут тешко се откажуваат голем број на други државни институции.
Билјана Николовска
Со овој прилог ТВ Телма се приклучува кон кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“. Прилогот е првично објавен ТУКА.